logo
logo
logo

Прекин на соработката со дипломатите на САД и Велика Британија поради АНТИДЕЈТОНСКО делување

Vecer | 23.03.2023

Прекин на соработката со дипломатите на САД и Велика Британија поради АНТИДЕЈТОНСКО делување

Владата на Република Српска денеска усвои информација за прекин на соработката со американски и британски дипломати во Босна и Херцеговина поради нивните антидејтонски активности.

Владата соопшти дека Република Српска е принудена да ја прекине соработката со дипломатите на двете амбасади и бара институциите на Република Српска, претставниците на Република Српска во заедничките државни институции, органите на локалната самоуправа во Република Српска, како и другите јавни власти да не да соработува со амбасадите на САД и на Британија, пренесува РТЦГ.

Владата е убедена дека ваквата постапка на амбасадите на САД и Велика Британија не е во согласност со официјалната политика на САД и Велика Британија кон Босна и Херцеговина и зазеде став дека прекинот на соработката трае додека не престанат двете амбасади со практиката на мешање во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.

Во соопштението по седницата се наведува дека Владата смета дека е обврска на амбасадите на САД и Велика Британија да не се мешаат во внатрешните работи на други земји, што важи и за Босна и Херцеговина, каде што се само дипломатски претставници.

Се додава дека Владата на Република Српска ќе ги извести надлежните институции на САД и Велика Британија за прекин на соработката со нивните амбасади поради нивните антидејтонски активности и кршење на меѓународното право, Повелбата на Обединетите нации и Виенската Конвенција за дипломатски односи.

Владата ќе ја достави информацијата за прекин на соработката со американските и британските дипломати во БиХ и заклучокот до Собранието на Република Српска, се вели во соопштението.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk