Пред 24 години беше потпишан Кумановскиот договор

Поминаа 24 години од 9 јуни 1999 година кога на воениот аеродром кај Куманово беше потпишан Воено-техничкиот договор со кој беше запрена агресијата на НАТО врз Србија, односно Федеративна Република Југославија.
Договорот беше потпишан доцна во ноќта на 9-ти 10-ти, по петдневни тешки преговори.
Потписници беа: Мајкл Џексон, британски генерал, веднаш потоа командант на КФОР (до октомври 1999 г.) во име на НАТО, Светозар Марјановиќ, генерал-полковник на Југословенската армија и Обрад Стевановиќ, генерал-полковник на српската полиција, во име на СРЈ.