Според организацијата „Центар за политики и управување“ од Сараево, литиум е пронајден во областа Лопаре, како и долж реката Дрина, додека дополнителни истражувања се спроведуваат во општините Чајниче, Језеро и Шипово.
„Литиумот е дел од листата на критични ресурси на ЕУ и САД, а неговата цена би можела да се зголеми до 42 пати до 2040 година,“ изјави Хари Абаспахиќ од организацијата.
ЕУ и ММФ очекуваат секторот за критични суровини, вклучувајќи го и литиумот, да стане финансиски значаен како нафтениот сектор во следните две децении.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата