Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ добива огромна поддшка во својата родна Србија.

Ѓоковиќ мина недела и пол во „притвор“ во Австралија, по што тамошниот суд реши да го депортира, поради што првиот рекет на планетата нема да има можност да игра на првиот Грен слем турнир годинава.

Низ Белград се објавени серија пораки на поддршка за Новак.