logo
logo
logo

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Vecer | 30.03.2023

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Околу 7.30 часот утрово во Солун пристигна товарниот воз на „Hellenic train“, кој синоќа тргна од Атина, со што по пауза од еден месец, поради несреќата кај Темпи, одново  постепено почнаа да сообраќаат товарните возови на конкретната релација, објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Станува збор за воз со околу 20 вагони, што според ЕРТ, пренесувал цевки, а планирано било да бидат доставени уште пред еден месец.

Според истите информации, сите процедури се вршат со мала брзина и со големо внимание, по несреќата кај Темпи на 28 февруари, во која животот го загубија 57 лица, а оттогаш железничкиот сообраќај во Грција не е целосно вратен во нормала./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk