-Овие летови траат долго време. Неодамна станаа интересни. Нема ништо необично, сето тоа го има МВР на својата веб-страница. Тоа е практично рутинска работа која не предизвикува некои поголеми пореметувања, изјави Пленковиќ.
Дојче веле денеска објави дека Германија планира да ги засили депортациите на барателите на азил кои дошле во земјата преку друга членка на Европската унија, вклучително и во Хрватска.
„Помеѓу 1 јануари 2023 година и 30 септември 2024 година, од Баварија полетаа вкупно пет чартер летови во правец на Хрватска со вкупно 21 протерано лице“, пренесува Дојче веле, повикувајќи се на Баварската служба за азил и враќање мигранти.
Тоа го поттикна претседателскиот кандидат Миро Буља да побара итна изјава од Пленковиќ и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ за „тајните летови со кои илегалните мигранти се враќаат во Хрватска“. Буљ тврди дека ова „ја претвора Хрватска во европско жариште“.
-Ова не се некои мистифицирачки летови од Германија. Постои Даблинска регулатива, таканаречена Даблин III, која регулира во која земја оние кои бараат меѓународна заштита можат да го поднесат тоа барање, додаде тој.
Станува збор за Уредбата за утврдување критериуми и механизми за утврдување на земја-членка одговорна за разгледување на барање за меѓународна заштита поднесено во една од земјите-членки од државјанин на трета земја или лице без државјанство. Со други зборови, за барателите на азил, надлежната земја членка на Европската унија во која лицето првпат стапнало на тлото на блокот.
-Тоа е невозможно. На западнобалканската рута, ако некој стигне до Хрватска, а претходно не бил регистриран, тоа значи дека властите на земјите низ кои поминале мигрантите не го регистрирале, рече премиерот на отворањето на реновираната зграда на Министерството за надворешни и европски работи во Загреб. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата