- Донесен е без свест, со широки зеници, бледа кожа и слузокожа, без пулс и немерлив притисок, изјави директорот на Општата болница Лесковац, Небојша Димитријевиќ, додавајќи дека реанимацијата била веднаш започната, но за жал неуспешно. Тој рече дека точната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата.
Како што објавија српските медиуми, А.И. бил ученик во трета година во Текстилното училиште. Враќајќи се дома, бил нападнат со метални прачки од две млади момчиња на скутер кои по тепањето избегале.
Поради истрагата која е во тек, полицијата се уште нема излезено со детали.
Според директорот на Центарот за социјална работа, Предраг Момчиловиќ, шеснаесетгодишното момче А.И. десет години било во згрижувачко семејство во Лесковац, а инаку е од околината на Лесковац.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата