logo
logo
logo

Пламтат пожари во Грција, еден на Халкидики: Силни ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите

Vecer | 24.07.2021

Пламтат пожари во Грција, еден на Халкидики: Силни ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите

Силните ветрови кои дуваат во северните делови на Грција ја отежнуваат работата на пожарникарите кои се борат против пожарот на отворено.

Два пожара пламтат на Пелопонез, еден е близу Епидаурус, а еден на островот Евија.

Пламената стихија го зафатила и Халкидики, јавува Катимерини.

Пожарникарните служби велат дека сега се концентрираат на шумскиот пожар кој денес избил во близина на градот Коринт, пренесува Танјуг.

Властите ги предупредиле жителите на селото Рито, 21 километар од Коринт, веднаш да се евакуираат кон морето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk