logo
logo
logo

ПЕТ ДЕНА ГИ ЦАРИНЕРЕЛЕ ВАКЦИНИТЕ - БиХ конечно ќе може да се имунизира

Vecer | 06.02.2021

ПЕТ ДЕНА ГИ ЦАРИНЕРЕЛЕ ВАКЦИНИТЕ - БиХ конечно ќе може да се имунизира

Дури и Босна и Херцеговина доби вакцини против корона вирусот, иако пет дена како да не знаеле дека ги имаат.   Првите вакцини кои вчера пристигнале во Босна и Херцеговина пет дена чекале на Царина, по што биле испратени во лабораторијата каде што ќе се тестира квалитетот.

Станува збор за пратка што содржи две илјади дози од руската вакцина „Спутник V“, увезена на барање на Министерството за здравство на Република Српска.

Увозникот е компанија што продава медицински препарати, а вакцината сега мора да ги помине тестовите за квалитет во лабораторијата на Агенцијата за лекови на БиХ за да биде пуштена на пазарот. За разлика од руската вакцина, БиХ автоматски ги одобрува веќе одобрените за употреба во Европската унија.

Како што претходно објави директорот на Институтот за јавно здравје, Бранислав Жељковиќ, овие тестови би можеле да траат до две недели, а доколку резултатите се задоволителни, Русите би можеле да го испорачаат првиот поголем контингент од 100.000 дози вакцини во текот на месецот.

Само после тоа, вакцинацијата може да започне, и засега, само лицата што живеат во Република Српска ќе имаат право на вакцинација со веќе пристигнатите вакцини само за нив.

Пробната количина на Спутник V е прва испорака на вакцини во БиХ, која сè уште нема добиено ниту една од претходно порачаните 1,23 милиони дози на вакцини од западните производители.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, претходно неделава рече дека сè уште очекува првите количини на вакцини купени преку меѓународниот механизам Ковакс да бидат доставени во средината на февруари. Се очекуваат 27/000 дози „Фајзер“ и 100.000 дози вакцина произведени од Modernа.

Иако вакцинацијата во БиХ сè уште не е започната, епидемиолошката состојба во таа земја останува стабилна со релативно мал број нови случаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk