logo
logo
logo

ПАНИКА во Србија и Унгарија: Се трага по ИЗБЕГАН ПАНТЕР

Vecer | 15.12.2021

ПАНИКА во Србија и Унгарија: Се трага по ИЗБЕГАН ПАНТЕР

Опасно животно ги крена на нозе Унгарија и Србија. Полицијата во Унгарија интензивно трага по животното во областа Кишкунхалаша, место недалеку од границата со Србија, кое наводно избегало од заробеништво. Според пишувањата на локалните медиуми местото Кишкунхалаша е на само 40 километри од Суботица.

- Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.

Потрагата започна откако се појави снимка од опасна дива мачка, која се покажа дека е автентична. Експертите појаснија дека ова опасно животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток, дека лесно се крие и може да биде непредвидливо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk