logo
logo
logo

Рама до сопствениците на Тик-Ток: Во Албанија одлуки носат Албанците

Vecer | 23.12.2024

Рама до сопствениците на Тик-Ток: Во Албанија одлуки носат Албанците

Во Албанија одлуки носат Албанците, а не сопствениците на алгоритмот Тик-Ток, се вели во реакцијата на премиерот на земјата, Еди Рама по информациите дека кинеската компанија „Бајт денс“, во чија сопственост е социјалната платформа, ќе бара итно појаснување од владата во Тирана во врска со одлуката за забрана на платформата во Албанија на една година.

Одлуката за забрана на Тик-Ток во Албанија беше соопштена во саботата, а доаѓа околу еден месец по убиството на 14-годишен ученик во Тирана. „Иако Албанија е премногу мала за да побара од Тик-Ток да ги заштити децата и младите од застрашувачките бездни на нејзиниот алгоритам, таа се надева дека Тик-Ток ќе го стори тоа за доброто на целото човештво, вклучително и албанија“,се вели во реакцијата на Рама, пренесува МИА. Според албанскиот премиер, одлуката на неговата влада за забрана на платформата на една година не е избрзана реакција на обичен настан, туку одлука широко консултирана со родителите и наставницит во училиштата низ Албанија. Албанија е прва земја во регионот која ја забранува платформата чиј сопственик е кинеската компанија „Бајт денс“.   

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk