Таткото кој ноќеска си ги уби трите деца е Харалд Копиц, Австриец кој живеел и во Загреб. Хералд е од Виена, а живеел на релација Загреб - Виена. Во хрватската престолнина имал и компанија, иако во својата кариера работел како консултант и преговарач за повеќе големи компании. Главно се бавел со финансии.
Како што напишал во прошталната порака на Фејсбук во последната година и пол не му одело на деловен план и останал без пари. Бил разведен, но имал и девојка, а во еден од претходните статуси споменувал и свршеница. Со Дајана имал три деца кои со него го поминувале викендот.
На социјалните мрежи често објавувал фотографии од децата.
Ова е прошталната порака што ја оставил околу полноќ: