logo
logo
logo

Отворен судир: ТЕЖОК НАПАД ОД ВУЧИЌ КОН СОЦИЈАЛИСТИТЕ И ДАЧИЌ

Vecer | 07.02.2023

Отворен судир: ТЕЖОК НАПАД ОД ВУЧИЌ КОН СОЦИЈАЛИСТИТЕ И ДАЧИЌ

- Сите на политичката сцена сакаат да глумат жртви. Прашувам: колку пати беше спомнат Бриселскиот договор негативно во Парламентот, повеќе од сто пати, а секогаш бев споменуван јас, а не тој што го потпиша. Во политиката луѓето сакаат да видат некој како се бори за нив, а не некој што се крие – рече тој одговарајќи на прашањата за „громогласниот молк на СПС во српското Собрание“ додека опозицијата го напаѓеше Вучиќ.

– На сите им одговара да бидат дел од власта кога има привилегија, ташна, машна, секретарка, а кога е тешко тогаш тој “некој“ бега да се скрие - нека го тепаат Вучиќ – рече тој и додаде:

- Денеска разговарав со Ивица Дачиќ. Особено е важно кој кого поканил. Ќе се сретнам и ќе разговарам со него утре. Не мислам дека изборите се добро решение во овој момент кај нас. Мораме да работиме за да обезбедиме нашите луѓе да видат како ќе се помине наредната зима и лето. А дали имам целосна доверба во Дачиќ и Социјалистите? Јас лично немам, како што видов ни тие немаат кон нас. Ние ја почитуваме таа политичка партија, но сега знаеме дека во тешки времиња можеме да се потпреме само на себе – рече претседателот Вучиќ.

- Ако очекувате да кажам нешто лошо за социјалистите и другите, нема да кажам ни збор, и тоа е се. Наше е да се однесуваме праведно, а народот треба да види кој се бори, а кој не. Ништо нема да се случи преку ноќ, а тоа што се случи (во Собранието) значително ги наруши нашите односи - рече претседателот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk