logo
logo
logo

Обезбедувањето на Курти нападнало новинар и му ја фрлило опремата

Vecer | 12.05.2023

Обезбедувањето на Курти нападнало новинар и му ја фрлило опремата

Еден од членовите на обезбедувањето на Курти го турнал Ѓоци, кога тој се обидел да му пријде и да земе изјава од Курти, му ја зел опремата и ја фрлил на земја.

-Без причина едниот телохранител ме турна и ја фрли целата моја опрема на земја, а другиот наместо да ме замоли да разговараме, ми се закани со зборовите - погледни добро и запомни. Оваа акција беше целосно непотребна и неприфатлива – напишал Ѓоци на Фејсбук.

Инцидентот се случил по средбата меѓу Курти и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, пред главниот влез на косовската Влада.

Имено, додека Лајчак излегол на еден излез пред поголема група новинари, Курти отишол на друг излез каде го чекал Ѓоци со група колеги новинари.

- Она што ме импресионираше, освен идиотското однесување на овие двајца членови на обезбедувањето на премиерот, е фактот што иако Курти виде и слушна поголем дел од оваа ситуација, тој само ја игнорираше во тој момент, па потоа дури излезе и разговараше со нас - вели Ѓоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk