logo
logo
logo

НОВИ 2 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ од Кина за Србија, потпишаа БЕЗ ПОСРЕДНИЦИ (ФОТО)

Vecer | 18.03.2021

НОВИ 2 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ од Кина за Србија, потпишаа БЕЗ ПОСРЕДНИЦИ (ФОТО)

Србија потпиша договор со Синофарм за набавка на нови 2 милиони вакцини.  На потпишувањето присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Чен Бо.

Како што беше соопштено, Вучиќ разговарал преку видео врска со раководството на компанијата Синофарм за процесот на набавка на вакцини, изградбата на фабрика за кинески вакцини во Србија, како и за изградбата и опремата на српските болници.

Вучиќ се заблагодарил на претседателот на Кина Си Џинпинг, раководството на Комунистичката партија и претставниците на „Синофарм“ за помошта во снабдувањето со вакцини и изјавил дека најголемиот број српски граѓани биле вакцинирани со таа вакцина.

„Тој посочи дека српските експерти дале многу високо мислење за квалитетот и безбедноста на вакцината Синофарм“, се вели во соопштението.

Претседателот на групата Синофарм, Лиу Џингжен, изјавил дека се среќни затоа што можат да обезбедат поддршка на луѓето во Србија во борбата против вирусот. „Ја цениме довербата на граѓаните во нашиот производ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk