logo
logo
logo

Црногорците испратија порака до космонаутите на „Артемис II“: „НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ, А ВИЕ?“

Vecer | 09.04.2026

Црногорците испратија порака до космонаутите на „Артемис II“: „НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ, А ВИЕ?“

Додека светот ја гледа вселенската мисија „Артемис II“ на пат кон дома, нејзиниот екипаж добил примамлива понуда од Црна Гора.

Духовита порака до екипажот на мисијата „Артемис II“ од Црна Гора пристигнала преку Инстаграм профилот на НАСА.

Со забелешка „дека ги следат со восхит, но и дека веќе размислуваат за враќањето на Земјата“, од хотел во Котор, им бил понуден „вистински одмор“.

Како што изјавиле, „тие знаат дека ќе бидат исцрпени по патувањето околу Месечината, па затоа решиле да им понудат нешто што ниедна вселенска станица го нема“.

„Ве чекаме“

Ве чекаме да ве угостиме и да ви обезбедиме заслужен мир и релаксација на најмагичното место на планетата“, рекоа тие во објава која брзо привлече внимание на социјалните мрежи.

Со додаток: „Престојот е, секако, на сметка на куќата“.

И додека астронаутите се дел од историска мисија, во Котор веќе чекаат поглед на Которскиот Залив, сонце на кое не му е потребен филтер и, можеби најважно, целосно ресетирање по вселенската авантура.

Ако ништо друго, убаво е да се знае дека кога ќе се вратат од работ на вселената, астронаутите имаат резервирано катче на Земјата.

Прашањето останува: Дали Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен ќе ја заменат нултата гравитација за магија на Бока? Судејќи според понудата, Црна Гора е подготвена за „спуштање“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk