logo
logo
logo

НАД 50% ВАКЦИНИРАНО возрасно население во Србија

Vecer | 05.08.2021

НАД 50% ВАКЦИНИРАНО возрасно население во Србија

Србија вакцинираше над 50% од возрасното население, соопшти премиерката на Ана Брнабиќ,,

Таа на Твитер објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани или 2.705.458 лица се вакцинирани во Србија

- Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани -моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Врчац и Прокупље се приклучија на групата од 58 локални самоуправи со над 50 отсто од вакцинираните. Секое вакцинирано лице – поголема сигурност за сите нас. #ВакцинирајСе., напиша Брнабиќ.

Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Србија постепено се зголемува, а експертите предупредуваат дека делта видот полека го потиснува британскиот.

Податоците предупредуваат дека четвртиот бран е пред нас, истакнуваат лекарите и додаваат дека на удар ќе бидат невакцинираните и дека е потребно да се забрза вакцинацијата, соопшти РТС. Вчера, во Србија се регистрирани 487 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а најмногу нови случаи беа регистрирани во Белград – 148 заразени.

Директорката на главната ковид болница во Србија, во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави за РТС дека податоците се за голема загриженост, бидејќи од релаксирана ситуација во претходните шест недели, кога имаше по 40 пациенти, бројките сега се зголемуваат.

- Имаме се повеќе луѓе кои се вратија од летните одмори, тоа се цели семејства и кои, се разбира, не се вакцинирани. Меѓу нив, на одделенијата за интензивна нега имаме седум млади луѓе на возраст под 40 години, а вчера еден мораше да се интубира, кажа директорката на болница во Батајница.

Таа нагласи дека во овој бран има најголем број заболени пациенти меѓу помладите невакцинирани мажи. Од почетокот на епидемијата, во Србија се направени 4.708.532 тестови за коронавирус, кој е потврден кај 723.518 луѓе. Како последица на инфекцијата починати се 7.129 граѓани. На болничко лечење има 521 пациенти, од кои седум се на респиратори, соопштено е на владината веб -страница Ковид-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk