logo
logo
logo

Министерката со македонско потекло Стојменова-Дух поднесе оставка во словенечката влада

Vecer | 27.09.2024

Министерката со македонско потекло Стојменова-Дух поднесе оставка во словенечката влада

Словенечката министерка за дигитална трансформација Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија.

Како што објави словенечката национална телевизија, за нејзиниот случај денеска требало да се расправа во словенечкиот парламент и да и се гласа за доверба, но премиерот Голоб ги информирал патениците дека таа веќе поднела оставка.. Таа се најде во фокусот на јавната дебата поради наводни неправилности при набавка на 13 илјади компјутери, но и поради тоа што недозволено вклучила сигнални светла на службениот автомобил за да избегне сообраќаен метеж во Австрија и да фати авион за Женева.

Стојменова-Дух која ги негираше ваквите информации, е родена во Виница, а во Словенија се преселила како тинејџерка.

Пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk