Безживотните тела на осум лица биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, откако глисер со бегалци и мигранти се превртел во обид криумчарот да побегне од патролен брод, а лицата кои се превезувале паднале во море, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, спасени се 18 лица, а несреќата се случила кога оној кој управувал со глисерот изгубил контрола, откако со опасни маневри се обидел да побегне од патролен брод, што резултирало бегалците и мигрантите да паднат во море.
Спасувачката акција на службата е во тек со три патролни брода, а од воздух учествува хеликоптер на военото воздухопловство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата