logo
logo
logo

Маринакис за несреќата во Либија: Потврдени се првичните информации

Vecer | 19.09.2023

Маринакис за несреќата во Либија: Потврдени се првичните информации

Ова е јасно. Грчката Влада, очигледно е дека собра информации по овој трагичен случај, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, Маринакис ги демантираше информациите дека тим од Националната служба за разузнавање заминала за Либија, но и истакна дека не се покренува прашање за довербата во началникот на Генералштабот на армијата Константинос Флорос.

Во несреќата во Либија кога возило удри во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека патувала кон градот Дарна загинаа пет лица, од кои тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk