logo
logo
logo

Одложено првото рочиште за Илир Мета, упати жестоки навреди кон првиот човек на СПАК

Vecer | 23.10.2024

Одложено првото рочиште за Илир Мета, упати жестоки навреди кон првиот човек на СПАК

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, денеска се појави пред Специјалниот суд, но првата сеанса, која се карактеризираше со жестоки навреди упатени од него кон обвинителите, беше одложена за попладне.

- Ме уапсивме по наредба на нарко државата, примајте наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвини Мета.

Нему денеска требаше да му се определи безбедносна мерка.

Неговите адвокати побараа дополнително време да се запознаат со досието, а Мета жестоко се расправаше со обвинителите во судницата, упатувајќи навредливи зборови кон првиот човек на СПАК, Алтин Думани.

Како што објавија албанските медиуми, на седницата биле тројцата обвинители кои го потпишале неговото апсење - Алтин Думани, Арбен Краја и Сотир Клапи.

Поранешниот претседател беше уапсен во понеделникот попладне во Тирана, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, под обвинение за перење пари, пасивна корупција и непријавување имот. Доколку биде осуден може да добие казна затвор од 15 години.

Тој се враќал со автомобил од Косово, додека на влезот во Тирана интервенирале агенти и полицајци, кои го спровеле до полициската управа во Тирана.

Заедно со Мета, во судот биле и неговата сопруга Моника Круемади, за која има изречено мерка редовно јавување, Ема Чоку и Пиро Џиџо. Сите, вклучително и Мета, негираат вина, оценувајќи дека е политички мотивиран процес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk