logo
logo
logo

Македонски штанд на Конгресот на ФУЕН

Vecer | 21.09.2024

Македонски штанд на Конгресот на ФУЕН

- Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник над македонски јазик „Илинден“, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ѓурѓај, кој на себе имал кошула со македонски вез, не го крие задоволството од покажаниот интерес на посетителите.

-Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број.  Исто така не посети и Винче Лорант, претседател на ФУЕН. Имаа можност да пробаат и од домашно произведена македонска ракија, вели тој.

Ѓурѓај, кој учествува на Конгресот, што со работа завршува утре, додава дека посебно место на штандот бил отстапен за примероците од фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, што неодамна беше промовиран во Тирана.

Според него и претставниците на 30. асоцијации на други малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со пропаганден материјал.

Македонското друштвото „Илинден“-Тирана рамноправна членка на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. 

Во овој период редовно учествува на конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и Резолуции за правата на македонското малцинство во Албанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk