logo
logo
logo

Стојков: Извештајот на Советот на Европа за Бугарија, голем чекор за македонското малцинство

Vecer | 21.09.2024

Стојков: Извештајот на Советот на Европа за Бугарија, голем чекор за македонското малцинство

Според првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков за да избегне казни бугарија преку разни мерки се обидува да ги одолговлечи своите обврски и последно за да се обезбеди регистрација на македонските здруженија формирана е некаква работна комисија од разни ресори, но од Комитет на министри даден е рок до крајот на декември да се прецизира како ќе им се дозволи на македонското малцинство да регистрираат свои здруженија, нешто што од Стојков е оценето како система дискриминација.

Повеќе од 17 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП а од 2016 веќе во Комитетот на министри е јасно дека не се проблем никакви документи на здруженијата туку дека системот на судови, и административни двојни стандарди не дозволува да се регистрираат здруженија на Македонското малциснтво во Бугарија. Ако продолжи да ги игнорира укажувањата на ова високо тело на Советот на Европа, Бугарија може да бидие и исфрлена од него.

Во меѓувреме и Македонскот МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

Освен повикот за спроведување на пресудите на ЕСЧП, Комитетот побара од претседавачот да испрати писмо до неговиот бугарски колега, во кое се нагласува потребата да се изнајдат брзи решенија што е оценето како редок ќекор кој досега  го преземал комитет на минситри на совето на Eвропа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk