Тој потврди дека поради ова неодамна испратил писмо до една земја, но која, не сакал да открие бидејќи тврди дека „Србија има мрежа на амбасади и странска служба која е помоќна од косовската“.

Зборувајќи за петте членки на ЕУ кои не го признале Косово, Курти истакна дека во тоа многу помагаат косовските сојузници. Тој додаде дека се уште не им напишал на тие земји барање да ја признаат независноста на Косово. „Медијаторите и сојузничките земји ни помагаат многу и верувам дека е подобро да се оди на овој индиректен начин во однос на напредокот кон признавањето на „петорката“, рече тој.

„Едноставно не е во наши раце и не верувам дека би помогнало ако им пишеме веднаш по овој договор. На секој состанок што го организираме се повикуваме на тоа. Јас лично не им пишав, но ова е чувствително лобистичко прашања.Ако ви кажам на кого сум пишувал минатата недела, ќе предизвикам штета бидејќи Србија веднаш ќе им пише на тие земји“, продолжи тој, пренесува косовскиот онлајн портал.

Тој смета дека новите признавања не зависат целосно од Косово. Тој најави и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ нема да добие дозвола да дојде на Косово доколку тоа го побара. Тој тоа го оправда со тоа дека „човек како Вучиќ, кој го доведува во прашање масакрот во Рача и го смета за измислица, е непожелна личност на Косово“.

„Не сум добил никакво барање за таква посета и, се разбира, со оглед на околностите во кои се наоѓаме, тоа не би било пожелно на Косово. Секако дека нема да дадам дозвола.Сега кога рековме дека не му давам дозвола нема ни да бара.Подобро ќе беше да имаше испратено барање, но што да правиме сега“, нагласил тој.

Курти рече дека е постигнат договор со Србија и дека никој не може да каже дека нема договор. „Постои договор. Договорот е склучен во Брисел и во Охрид. Тој е правно обврзувачки. Овој договор го усвои и ЕУ, не само посредниците Борел и Лајчак, кои заклучија дека тоа е договор, но за жал нема потпис поради другата страна. Немањето потпис станува пресуда за Србија, но тоа не влијае на постоењето на договорот“, заклучил тој.