logo
logo
logo

Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси 3 милиони евра

Vecer | 28.11.2024

Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси 3 милиони евра

Грчката полиција разби криминална организација со 37 члена, кои имале професионална инфраструктура и оперативни и телефонски центри во различни делови на Грција и изнудувале пари од граѓани и преку телефонски измами и убедувајќи ги да уплатат пари на банкарски сметки, а во откриените 656 случаи се стекнале со финансиска корист од 2.955.804 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, криминалната организација дејствувала на различни начини со неколку методологии, „со прикажување на лажни факти како вистинити, но и со користење на лажни информации за идентитетот“ за да ги измамат граѓаните.

Едниот начин на измами бил преку телефонски повици, во кои членовите на организацијата се претставувале како вработени во државни организации и на граѓаните им велеле дека се корисници или на владина субвенција или на рефундирање и од нив барале пари, под изговор дека така веднаш ќе ги добијат средствата.

Во друг случај, исто така преку телефонски повици се претставувале како вработени во сметководствена канцеларија со која соработуваат потенцијалните жртви, сопственици или вработени во трафики и мини-маркети и под изговор дека треба да го надградат системот на касите, ги убедувале да вадат припејд картички и да им ги даваат шифрите.

Паралелно, граѓани мамеле и со објавување лажни огласи на интернет за продажба на автомобили и земјоделски машини, по многу ниски и примамливи цени, со цел да се привлече интересот на голем број потенцијални купувачи, од кои барале капар за да се постигне договор.

Организацијата била активна од октомври 2022 година низ цела Грција, а биле уапсени 25 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk