logo
logo
logo

Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието

Vecer | 24.05.2024

Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието

Денешната собраниска расправа е закажана во понеделникот на седница на Претседателството на Собранието, на барање на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), која преку резолуцијата бара „Владата да го заврши мандатот со оставка или со предлог за нејзино разрешување“, а по оставката или разрешувањето, Собранието на Косово да се распушти.

Расправа за тригодишнината на владата на Движењето самоопределување (ВВ) беше побарана и претходно, но поради отсуство на премиерот Курти во Собранието не можеше да се одржи.

Седницата на која ќе се разгледува предлог-резолуцијата на ААК, партија предводена од поранешниот премиер, Рамуш Харадинај, е закажана за во 13 часот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk