logo
logo
logo

„Косово треба да прифати сместување на Авганистанци„

Vecer | 15.08.2021

„Косово треба да прифати сместување на Авганистанци„

Косово треба да одговори позитивно на прифаќањето на Авганистанците доколку тоа го побараат САД, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

„Не знам дали Американците побараа од Косово да ги засолни Авганистанците кои, како пријатели и поддржувачи на сојузничките војски, беа изложени (пред Талибанците). Би сакал Владата на Косово да даде позитивен одговор, од своја страна, и Косово, се разбира“, наведува Рама на Фејсбук.

Тој додаде дека на самитот на НАТО, тој самиот изразил загриженост за безбедноста на авганистанските соработници на Алијансата по нејзиното повлекување од Авганистан.

Албанските медиуми во последните денови објавија дека САД побарале од Албанија и Косово привремено да бидат сместени Авганистанци кои се борат против Талибанците во нивната земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk