logo
logo
logo

Командант на КФОР:Курти е виновен за кризата со општините,неовластено ја употреби и полицијата

Vecer | 04.06.2023

Командант на КФОР:Курти е виновен за кризата со општините,неовластено ја употреби и полицијата

Потоа следеше едностраниот потег на Владата во Приштина да употреби сила без да се консултира со нас“, изјави командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Растуча за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, пренесе Бета.

Италијанскиот генерал нагласи дека „со тоа станала неопходна интервенцијата на КФОР за да се избегне трагедија“ и дека „две години се преземаат чекори кои не влечат наназад и сега е доста со еднострани акции“.

„Мисијата на НАТО не може и не смее да се смета за покритие и заштита на едностраните потези кои ја поткопуваат многу кревката рамнотежа“, јасно кажа командантот на КФОР во интервјуто со новинарот на „Кориере дела сера“ од Приштина.

Во извештајот се подвлекува дека „командантот на КФОР се уште е под впечаток на се, бидејќи тоа можеше да предизвика жртви доколку не интервенираа неговите војници, кои се ставија меѓу гневните Срби и косовската воена полиција“.

На прашањето „дали не беше акција на владата која дејствува на нејзина територија“, генералот Растуча одговара дека „не смееме да се преправаме дека има нормална ситуација, бидејќи тоа се одлуки донесени без наша согласност и од засегнатите страни“.

„Тоа во никој случај не придонесува за взаемна доверба, штетните последици од таквите потези секогаш мора да се проценуваат, а кога премиерот Курти разговараше со мене, секогаш велеше дека се согласува со таквиот пристап“, објасни командантот на КФОР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk