logo
logo
logo

Кој ќе влезе во Грција - ОДИ ВО КАРАНТИН!

Vecer | 22.02.2021

Кој ќе влезе во Грција - ОДИ ВО КАРАНТИН!

Одлуката за седумдневен карантин за сите кои ќе влезат во Грција останува на сила, односно истата е продолжена за уште две седмици, односно до 8 март 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

Одуката за домашниот карантин се однесува на патници од сите земји вклучувајќи ги и оние од Европската Унија, а доколку посетата на Грција трае помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, с до нивното заминување.

За патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно за да излезат од седумдневниот карантин, потребно ќе биде, на седмиот ден, да направат ПЦР тест.

До 8 март, како што вчера објави МИА, продолжена е и одлуката за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а од рано утрово стапи во сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk