logo
logo
logo

Кој е ПРВИОТ ЧОВЕК на Кавачкиот клан кој ОПЕРИРАЛ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

Vecer | 02.06.2021

Кој е ПРВИОТ ЧОВЕК на Кавачкиот клан кој ОПЕРИРАЛ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

Кавачкиот клан, кој во Македонија стана особено познат после аферата „Мафија“ со издавање на лажни пасоши имал криминални ќелии во повеќе европски земји. Тоа го открила истрагата после апсењето на овој огранок во Словенија.

Но, истото и не е за чудење имајќи ги предвид постојаните вести за престрелки на членови од овој клан, како и неговиот ривалски Шкаљарскиот клан низ цела Европа во кои загинаа повеќе членови на  овие две групи.

Истрагата покажала дека криминалните ќелии на Кавачкиот клан во Европа ги координирал Милан Вујотиќ (39) од Подгорица, наречен Лавитезе.

Милан Вујотиќ Лавитезе, бил главниот снабдувач на кокаин во криминалната група предводена од Филип Врзиќ.

Како што пишува подгорички „Вијести“ Вујотиќ добивал голема пратка кокаин во Холандија која потоа Филип Врзиќ преку својата група ја префрлал во Словенија, Србија но и во Шпанија.

Според полициската документација, во која имала увид екипата на „Вијести“ се наведува дека во периодот кога Вујотиќ примал пратки кокаин, превозот се вршел во количини до 42 килограми одеднаш, бидејќи тоа била количината што може да се смести во адаптираниот скриен простор на креветот на камионот.

Според документацијата, во некои случаи, возеле два камиона истовремено, што значи дека пренесувале околу 80 килограми неделно.

Објаснето е дека во повеќето случаи, кокаинот се доставувал во Словенија, каде го преземал Дрејц Ковач Хајро.

„Малку кокаин беше внесен во Србија и Шпанија. Посебната карактеристика на кокаинот во сопственост на Милан Вујотиќ Лавитезе беше што имаше лого со српскиот грб и втиснати 4С", објаснуваат истражните документи.

Истражителите утврдиле дека кога Вујотиќ бил пресретнат со пратка кокаин, криминална група купувала дрога од Лука Араповиќ Дал, но дека испораките биле многу помали, но никогаш помалку од пет килограми по тура.

Исто така, според „Вијести“криминалната група предводена од Врзиќ и Клемен Кадивец, за Милан Вујотиќ, покрај транспорт на кокаин, го надгледувала и организирала и транспортот на нелегални милиони во кеш.

Така, во 2019 година биле извршени четири транспорти на пари, а готовината пренесена од Шпанија во Србија доаѓала од две криминални банди кои работеле под покровителство на Вујотиќ во Шпанија, заклучуваат истражителите од Словенија.

Објаснуваат дека транспортот на пари од тие две криминални групи покажува дека кавачкиот клан  воспоставил мрежа на криминални групи низ цела Европа.

„Тие дејствуваа под покровителство на Кавачкиот клан и се занимаваа со нелегална продажба на дрога. Едно такво здружение е здружението основано од Филип Врзиќ и Клемен Кадивец“, стои во документите од истрагата.

Вујотиќ, за кого се вели дека е член на меѓународна криминална група позната како Кавачки клан на неодреден датум во 2018 година, му дозволил на Филип Врзиќ да основа ќелија во Словенија во рамките на едно поголемо меѓународно злосторничко здружение.

Истражителите од Словенија обезбедиле соработник сведок во постапката покрената против меѓународна криминална група што функционираше како словенечка ќелија на кланот.

На повеќе од 420 страници во кривичната пријава јасно е наведено дека осомничениот раскажал добар дел од информациите, кои подоцна биле потврдена со тајни мерки за надзор, следење, идентификување, улогата на тајни истражувачи, контролирани пратки на дрога, претреси и запленети предмети, наведува  „Вијести“

Исто така, се вели дека Вујотиќ, како член на тоа злосторничко здружение, бил идентификуван врз основа на изјава на сведок, а „идентитетот го потврдиле странски безбедносни служби“.

Во извештајот се додава дека Милан Вујотиќ Лавитезе е висок член на  Кавачкиот клан, за кого се знае дека е во конфликт со Шкаљарскиот клан, меѓу кои во моментов се води крвава војна.

Словенечките полицајци објаснуваат дека до 2014 година, во Котор имало една криминална група, но дека 200 килограми кокаин исчезнале во Валенсија таа година, што довело до спор што групата ја поделил на два дела.

„За време на шестгодишната војна, која се финансирала со пари добиени од продажба на дрога, членови на криминални банди користеле експлозив, бомби, па дури и снајперисти за да убиваат противници“, се вели во документите од истрагата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk