logo
logo
logo

Хил: САД сакаат подобри и подлабоки односи со Србија

Vecer | 09.06.2023

Хил: САД сакаат подобри и подлабоки односи со Србија

 „Верувам дека Србија сега носи добри одлуки и оди во вистинската насока. Секако дека се уште ќе има тешкотии, но САД ја гледаат Србија како добар партнер со кој може да соработува и со кој ќе биде поблиску во иднина“ изјави Хил во Стопанската комора наСрбија.

Тој рече дека не е тајна оти САД ја поддржуваат Србија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Европската унија.

„Не сум тука да зборувам за минатото и тешкотиите, но тука сум да кажам дека иако нашите земји ги дели океан, ние воопшто не сме одвоени. Суштински дел од американската улога овде е да ја поддржиме Србија во нејзините напори да се приклучи на ЕУ. Од суштинско значење е Србија и ЕУ да работат заедно, односно Србија да влезе во Унијата“, рече Хил.

Според него, процесот на пристапување не е воопшто лесен, бидејќи има многу прашања кои треба да се решат.

„САД ја поддржуваат Србија, и помагаат да помине низ тој процес за да стане добра полноправна членка на ЕУ“, рече американскиот амбасадор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk