logo
logo
logo

Инспектор ем ги истражувал бруталните мачења на бандата на Веља Невоља ем им издавал информации? Дали тој бил кртот?!

Vecer | 12.06.2021

Инспектор ем ги истражувал бруталните мачења на бандата на Веља Невоља ем им издавал информации? Дали тој бил кртот?!

Во Србија, нови апсења за случајот со најсуровата српска мафијашка организација предводена од Вељко Беливук, или Веља Невоља кој распарчувал луѓе и правел ќебапи од нив.

Курир пишува дека бил уапсен Б.С., инспектор осомничен за откривање тајни информации на членовите на кавачкиот клан. Инспекторот, наводно, учествувал директно во истрагата за бруталното убиство и тортура врз групата Беливук.

Според Курир, тој бил меѓу првите инспектори кои што влегле во куќата на смртта, каде што луѓето на Беливук мачеле, убивале и распарчувале луѓе.

Тие сè уште проверуваат дали уапсениот инспектор е тој кој откривалл тајни на кавачкиот клан.

Тој во моментов е осомничен за злоупотреба на службената положба и тие испитуваат дали тој само им пренесувал информации на членовите на кланот кои биле на слобода или учествувал во прикривање траги на брутално убиство и тортура.

Тој е само еден во низата инспектори и службени лица уапсени по падот на кланот Беливук-Миjковиќ. Приведени се и други инспектори и полицајци, осомничени дека им помагале на мафијашите.

Уапсени се и Предраг Лајиќ, поранешен началник на одделот за сузбивање на организиран шверц на дрога и Бојан Васиљевски, инспектор началник на одделот за дрога. Претходно беше уапсен Горан Папиќ, поранешен заменик-шеф на Службата за борба против организиран криминал.

Потсетуваме, деталите за злосторствата и работата на мафијашката организација на Веља Невоља ја шокираа српската јавност, откако полицијата ја поврза криминалната организација Беливук со низа убиства на противници и нивно распарчување и тортура.

Откако ги убиле противничките членовите на мафијата, тие наводно му испратиле ќебапи направени од човечко месо на Радоје Звицер, избеганиот водач на кавачкиот клан, кој им доставувал кокаин, а кој потоа го дистрибуирале во Белград и Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk