logo
logo
logo

Им отворија рудник, цело село во Србија САКА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ па државата ги поддржа

Vecer | 31.07.2021

Им отворија рудник, цело село во Србија САКА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ па државата ги поддржа

Помошникот министер за рударство и енергија, Дејан Милијановиќ, денеска по состанокот на локалното население во Кривељ, село во близина на Бор, изјави дека Министерството за рударство и енергија го поддржува барањето на локалните жители да го преместат целото населено место поради рударски активности, и дека е важно да не се злоупотребува ова прашање за политички цели.

- Денеска сме во Бор на барање на жителите на Кривељ, кои доставија барање до Министерството за преместување на целата населба, а не само на еден дел. Сега, со Бор и компанијата „Зиџин копер“, работиме на решавање на овој проблем на начин што првенствено ќе ги задоволи жителите на Велики Кривељ. Наша задача е луѓето во Бор да живеат во подобри услови, со поздрава животна средина, а рударските активности да течат непречено, во согласност со сите одобренија и законски прописи - рече Милијановиќ.

Тој посочи дека со отворањето на новиот рудник „Чукару Пеки“, компанијата „Зиџин Копер“ ќе има уште подобра перспектива за зголемување на производството и вработување повеќе луѓе.

- И сето тоа со подобри услови за живот и поголема заштита на животната средина, што ќе се обезбеди со завршување на топилницата и највисоките еколошки стандарди што ќе се применуваат во новиот рудник - додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk