logo
logo
logo

Илон Маск САКА ДА КУПИ ЗЕМЈА во Србија покрај минералната вода?

Vecer | 26.05.2022

Илон Маск САКА ДА КУПИ ЗЕМЈА во Србија покрај минералната вода?

По веста дека Тесла моторс на Илон Маск е заинтересирана за соработка со Минаква новосадскиот производител на минерална вода, сега доаѓа нова вест дека компанијата е заинтересирана и за земјиште.

Малку е познато дека Минаква е сопственик на земјоделскиот имот Дожа Ѓерѓ во Бачка Топола, кој поседува над 1.500 хектари квалитетно наводнувано земјиште.

Се наоѓа покрај автопатот Нови Сад - Суботица и брзата пруга Белград - Суботица.

На прашањето за тоа,директорката на Минаква, Сања Бјелица рече: „Точно е дека Дожа Ѓерѓ е специјална компанија во сопственост на Минаква. Но, не ги знаеме намерите на господинот Маск. Се обврзавме на период на „молчење“, па не можам да коментирам. "

Со купување на вода богата со јод, Илон Маск би добил и земјиште покрај автопатот во вредност од над 70 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk