logo
logo
logo

Хил: Приштина ќе сноси последици зашто не ги послуша советите на САД

Vecer | 31.05.2023

Хил: Приштина ќе сноси последици зашто не ги послуша советите на САД

Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека Приштина ќе ги сноси последиците бидејќи не ги послушала советите на Соединетите Американски Држави, дека тоа ќе влијае на односите со Вашингтон, но дека ни тој не е запознаен со сите детали.

Тој го изјави ова за новинарите во Белград и додаде дека мора да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, формирање на ЗСО и продолжување на дијалогот.

„Нашиот државен секретар, Ентони Блинкен, јасно стави до знаење дека се противи на какви било потези што ги направи Курти кои се спротивни на сите совети што ги дававме и Блинкен рече дека ќе има последици. Мора да се обидеме да не го изгубиме нашиот компас и насока, а тоа е формирање на ЗСО, нормализација на односите, рече Хил.

Тој додаде дека претходните денови беа многу тешки на многу начини и дека Америка жали за сите напади врз војниците на КФОР и НАТО и тоа не би смеело да се повтори.

- Многу тешки денови во Косово, најтешки во последните неколку години. Многу е важно нападите врз КФОР да не се повторат. Трето, важно е дека уште постои насоката по која се движиме низ Бриселскиот договор и ситуацијата да биде целосно нормализирана. Сите на Балканот треба да бидат подготвени да останат на европскиот пат. Сакаме напредок на Косово, нормализирање на односите меѓу двете земји, да видиме дијалог и, како што реков, Србија да се сврти кон Запад, рече Хил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk