logo
logo
logo

Ѓуриќ: Полноправното членство во ЕУ е крајната цел на Србија и ништо помалку од тоа

Vecer | 21.06.2024

Ѓуриќ: Полноправното членство во ЕУ е крајната цел на Србија и ништо помалку од тоа

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ на состанокот на европските министри за надворешни работи на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ и партнери од Западен Балкан, што се одржува во Гетвајг, Австрија, зборувајќи за процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ, рече дека за да ги решиме сите предизвици со кои се соочува не само нашиот регион, туку и Европа во целина, мора да ги здружиме сите наши ресурси, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ако сакаме регионот да биде целосно интегриран, мораме да ги здружиме силите во залагањето за влез на регионот во ЕУ, без разлика на разликите меѓу нас, рече Ѓуриќ.

Според соопштенеито на срспкото МНР, тој кажа дека многумина во Западен Балкан имаат впечаток дека во одредени политички кругови постои принципот „еден внатре, еден надвор“ кога станува збор за проширувањето на ЕУ, што влијае на перцепцијата на јавноста за процесот на проширување.

-До 2027 година Србија планира да ги заврши сите поголеми законодавни, економски и политички реформи неопходни за пристапување во Европската унија. Нашите приоритети се многу јасно поставени. Дополнително, Србија сака да продолжи да биде фактор на стабилност и да помогне во зачувувањето на мирот во регионот, нагласи шефот на српската дипломатија, подвлекувајќи дека тоа може да се постигне само во соработка со Брисел и другите страни во регионот.

Исто така, Ѓуриќ рече дека Белград одлуките ги носи самостојно и се стреми што повеќе да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија на патот кон постигнување полноправно членство.

-Сакаме полноправно членство како крајна цел и ништо помалку од тоа. Нема да имаме компромис по тоа прашање, изјави шефот на српската дипломатија.

Кога станува збор за политичките односи во регионот, Ѓуриќ според соопштенеито на МНР, посочи дека се уште има нерешени прашања од 1990-тите и дека ќе бидат потребни сериозни напори за решавање на овие прашања на праведен начин, како и целосна посветеност и поддршка од највисоките европски претставници./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk