logo
logo
logo

Штрајк на наставниците во Грција

Vecer | 23.10.2024

Штрајк на наставниците во Грција

Наставниците во основните и средните училишта во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк, што иако беше прогласен за незаконски од надлежниот суд, доби поддршка од Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и ќе се одржи регуларно, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот се очекува да создаде проблеми во наставата и дел од училиштата денеска да бидат затворени.

Федерацијата на наставници преку штрајкот бара „суштински зголемувања на платите“, како и исполнување на образовните потреби на учениците за јавно и бесплатно образование“.

Од Министерството за образование на Грција вчера реагирале до надлежниот суд за штрајкот, што со судска одлука бил прогласен за незаконски, по што АДЕДИ донесе одлука да го поддржи закажаниот штрајк и да се одржи регуларно.

Наставниците преку нивната федерација закажаа и протест во центарот на Атина.

Паралелно во Грција од вчера е во тек  48-часовниот штрајк на грчката поморска федерација со што земјата и денеска ќе биде без бродски сообраќај. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk