Грчката полиција денеска соопшти дека уапсила сопственик на фарма и уништила повеќе од 8.300 нелегално одгледувани растенија канабис, откриени на поле со пченка во централна Грција, што е едно од најголемите количини на растението некогаш пронајдено во земјата.
Полицијата соопшти дека некои од растенијата канабис биле високи до 3,5 метри, а нивните корени биле заплеткани во пченката, објави Ројтерс.
Се посочува дека 44-годишниот сопственик на фармата е уапсен под обвинение за нелегално одгледување канабис и трговија со дрога како дел од криминална група.
Властите процениле, врз основа на бројот на растенијата канабис, дека групата имала за цел да оствари нелегален профит од 15 милиони евра.
Грција го легализираше канабисот за медицинска употреба во 2017 година, а една година подоцна ја укина забраната за негово одгледување и производство за медицински цели.
Поседувањето, производството и продажбата на канабис за рекреативни цели сè уште остануваат незаконски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата