Како што неофицијално дознава Јутарњи, таа била ранета кога се обидела да го спречи напаѓачот да ги нападне учениците.
Станува збор за наставничка која 18 години работела во основно училиште Пречко, а пред тоа била вработена во основно училиште во село Трње. Дипломирана наставничка е по предметна настава со зајакнат предмет информатика, па напредувала до статус на ментор.
„Супер фина, мирна и сталожена личност која многу добро работеше со децата“, велат нејзините колеги.
Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, денеска ѝ бил последниот работен ден на директорката на ОУ Пречко поради пензионирање.
Повредената учителка има 62 години и ова и е последна генерација пред пензија.
Моментално е на операција, по што ќе биде сместена на одделението за интензивна нега.
Да потсетиме, утрово млад човек (19) влегол во училиштето и со нож ги избодел наставничката и учениците. Едно дете (7) починало, а петмина се повредени, меѓу кои три деца и двајца возрасни. Меѓу повредените е и самиот напаѓач, кој се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила во тоа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата