„И сега, на 111-от ден од мојот втор мандат, продолжувам да го водам градот и да реализирам проекти, од кои социјалната заштита и сообраќајот се едни од најважните. По овој мандат мислам дека е доволно“, рече Шапиќ.
На новинарско прашање дали „завршил со Белград или со политиката“, Шапиќ рече - „со политиката“.
„Во овој момент не ме интересира дневно-политичкиот рејтинг. Верувам дека моето знаење и искуство и политичка храброст можам да ги искористам во интерес на белграѓани“, рече тој.
Пред да се вклучи во политиката, Шапиќ беше ватерполист.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата