logo
logo
logo

По протестот на опозицијата во Тирана, во притвор седуммина граѓани

Vecer | 24.12.2024

По протестот на опозицијата во Тирана, во притвор седуммина граѓани

По синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, со две и пол часовно блокирање на пет главни улици во градот, и судири со полицијата, во притвор завршија седуммина учесници, додека кривични пријави поднесени се против 21 пратеник и 19 претставници на политички партии.

-Притворените се на возраст од 21 до 59- годишна возраст, а се товарат за „Попречување на нормалното одвивање на сообраќајот“ „Спротивставување на полициски службеник“ „Организирање и учество во собири и нелегални демонстрации“ „Нарушување на јавниот ред и мир“. Под истите обвиненија  против 21 пратеник и 19 претставници на политички партии, се поднесени кривични пријави и ќе се бранат од слобода, стои во полициското соопштение.

Се додава дека од досегашните истраги, произлегува дека за време на протестот, со блокирање на главни улици во Тирана, пратеници или претставници на политичките субјекти Демократската партија, Републиканската партија и Партијата на слободата, повикале на блокади, иако биле предупредени дека тоа е кривично дело и насилно се однесувале кон полициските службеници.

Материјалите се доставени до Обвинителството во Тирана за понатамошна постапка.

Во меѓувреме полицијата ги отфрли обвинувањата на лидерот на демократите Сали Бериша, за прекумерна употреба на сила врз Агрон Ѓекмаркај, потпретседател на партијата, пратеник и потпретседател на албанскиот парламент, кој исто така обвини дека бил нападнат од полицијата.

Ѓекмаркај во еден момент изгуби свест на протестот, веднаш му беше дадена помош од екипа на брзата помош и пренесен со амбулантно возило во клиниката за трауматологија, каде синоќа го посети Бериша. Тој денеска ја напушти болницата.

Бериша, кој по една година учествуваше на протест, порача дека граѓанска непослушност ќе продолжи се до исполнување на нивните цели, техничка влада и слободни избори. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk