logo
logo
logo

И Украина, по Македонија, го осуди повикот за територијални претензии од бугарскиот пратеник Костадинов

Vecer | 10.01.2025

И Украина, по Македонија, го осуди повикот за територијални претензии од бугарскиот пратеник Костадинов

По Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, на вчерашната објава на Фејсбук од бугарскиот пратеник и лидер на политичката партија Преродба, Костадин Костадинов, реагира и Амбасадата на Украина во Софија.

„Во врска со изјавата на лидерот на партијата Преродба, К. Костадинов, во однос на територијалните претензии кон Украина и повиците за присоединување на ‘Јужна Бесарабија’ кон Бугарија, Амбасадата на Украина се обраќа кон раководството на Република Бугарија со повик да ја осуди изјавата на политичарот, кој поттикнува кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира преправање на границите во Европа. Изјавите на лидерот на партијата Преродба за територијални посегања врз Украина се неприфатливи за политичар од земја членка на ЕУ и го потврдуваат неговото систематско пропагирање на наративите на Кремљ“, се вели во реакцијата од украинското дипломатско претставништво во бугарската престолнина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk