logo
logo
logo

Двајца ловци во БиХ залутаа во минско поле: и двајцата се мртви

Vecer | 02.08.2021

Двајца ловци во БиХ залутаа во минско поле: и двајцата се мртви

Двајца ловци загинаа во неделата во близина на Завидовиќи, во централна Босна, кога заталкаа во минско поле, потврди локалната полиција.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на округот Зеница-Добој, Алдина Ахмиќ, рече дека смртта на двајцата мажи била потврдена откако членовите на специјалната пиротехничка екипа за цивилна заштита успеале да стигнат до нивните тела.

Тие интервенирале по пријавата за експлозијата, а полицијата ги истражува околностите на оваа тешка несреќа.

Ловците налетале на противпешадиска мина која била произведена во поранешна Југославија. Шрапнелите на таа мина се смртоносни за луѓето на растојание од повеќе од 30 метри.

Дури и четврт век по војната, БиХ е земја во која голем дел од територијата е опасна поради големиот број идентификувани, но и необележани мински полиња.

Според податоците на Државниот центар за отстранување на мини (МАК), од 145 општини во БиХ, дури 118 имаат мински полиња од последната војна.

Се проценува дека повеќе од 75.000 мини и експлозиви се уште демнат на нешто помалку од илјада квадратни километри, или нешто помалку од два проценти од вкупната површина на БиХ.

По војната во минските полиња во БиХ,загинале  вкупно 619 лица, а повеќе од илјада беа повредени. Додека работеле на проекти за деминирање, загинале 53 деминери

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk