logo
logo
logo

Два земјотреси ја стресоа црногорско-албанската граница

Vecer | 15.09.2021

Два земјотреси ја стресоа црногорско-албанската граница

Два помали земјотреси ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија рано утрово

Јачината на првиот земјотрес во епицентарот, што се случи во 4 часот и 19 минути, беше 4,1 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој беше почувствуван десет минути подоцна, беше 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Иако епицентарот бил на албанската страна на границата, земјотресот бил силно почувствуван во Подгорица, на околу 20 километри од епицентарот.

Црногорските сеизмолози изјавија дека земјотресите не предизвикале материјална штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk