logo
logo
logo

ДИК: Гласањето на претседателските избори во Црна Гора досега без поголеми нерегуларности

Vecer | 19.03.2023

ДИК: Гласањето на претседателските избори во Црна Гора досега без поголеми нерегуларности

Претседателот на ДИК, Никола Мугоша на прес-конференцијата рече дека сите избирачки места се отворени.

„Имаше одредени одложувања и мали нерегуларности, но генерално изборниот ден засега минува без поголеми нерегуларности“, рече Мугоша.

Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани.

Граѓаните на Црна Гора денеска избираат претседател на државата меѓу седуммина кандидати.

На изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, од Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ) Горан Даниловиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Ова се четврти претседателски избори од обновувањето на независноста на Црна Гора и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој ќе добие повеќе од половина од важечките гласови на избирачите кои гласале.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Претседателот на државата ќе се избира со мандат од пет години.

Првите прелиминарни резултати се најавени за 21 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk