logo
logo
logo

Даниил Видински е новиот бугарски патријарх, започна интронизацијата

Vecer | 30.06.2024

Даниил Видински е новиот бугарски патријарх, започна интронизацијата

Со литија, новоизбраниот патријарх ја напушти Синодалната палата и стигна до спомен храмот „Александар Невски“. Насобраните граѓани скандираа „Достоен“ и му аплаудираа.

Веднаш по пристигнувањето, започна устоличувањето на новоизбраниот бугарски патријарх и молебенот. 

Новиот бугарски патријарх беше избран во вториот круг меѓу него и митрополитот врачански Григориј. За него гласаа 69 делегати.

„Свесен за сопствената недостојност, верувам во Божјата промисла и во Божјата поддршка“, изјави веднаш по изборот новиот бугарски патријарх Данил Видински.

Даниил Видински е роден во 1972 година во Смолјан под името Атанас Николов. Завршил средно образование во родниот град, а во 1996 година запишува Англиска филологија на СУ „Св. Климент Охридски“. Веќе следната година се префрла на Богословскиот факултет. Од 1997 година е послушник во Хаџидимовскиот манастир „Св. Георги“, по две години станува монах и е ракоположен за јероѓакон.

Во 2004 година е испратен на послушание во Роженскиот манастир „Рождество Богородично“, каде што е ракоположен за јеромонах, а две години подоцна станува архимандрит. Во 2008 година по одлука на Светиот синод станува епископ во храмот „Св. Александар Невски“. Назначен е за викар последователно на Неврокопскиот митрополит Натанаил и митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф. На 4 февруари 2018 година е избран за Видински митрополит. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk