logo
logo
logo

Евакуирани гостите од хотелите на грчкиот остров Кос, пожарот беснее втор ден (ВИДЕО)

Vecer | 02.07.2024

Евакуирани гостите од хотелите на грчкиот остров Кос, пожарот беснее втор ден (ВИДЕО)

Додека пожарот стигна до крајбрежното село Кардамаин, луѓето се засолниле во спортскиот центар и други објекти во текот на ноќта, изјави заменик-гувернерот на Додеканезите, Христос Ефстрацио, пренесува Ројтерс.

Со оглед на тоа што пожарот донекаде изгасна утринава, граѓаните можеа да се вратат во своите домови, а нема оштетувања на зградите, додаде тој. Повеќе од 100 пожарникари со помош на хеликоптери се уште се борат со пожарот на Кос за да спречат повторно избувнување, соопштија од противпожарната бригада.

На блискиот остров Хиос, повеќе од 170 пожарникари со помош на 36 возила и 10 авиони се обидуваат да стават под контрола уште еден пожар што избувна вчера попладне.

„Се чини дека ситуацијата е подобрена на двата фронта“, изјави претставник на противпожарната бригада.

Противпожарните напори се во тек и на островот Крит. Премиерот Киријакос Мицотакис оваа недела предупреди на опасност од шумски пожари по долготрајната суша и невообичаено силните ветрови за оваа сезона.

Минатата година во шумските пожари на северот на земјата загинаа 20 луѓе, а 19.000 луѓе беа принудени да го напуштат островот Родос.

Оттогаш, Грција сè повеќе користи беспилотни летала за рано откривање пожари, со планови за зголемување на флотата на беспилотни авиони на 35 системи и бројот на обучени оператори со беспилотни летала од 104 на 139.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk