Како што рече Дачиќ „полицијата и обвинителството веќе презедоа одредени чекори“.
„Обвинителството го прави сето тоа, веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, почнувајќи од врвот, од вработените во надлежното министерство, јавното претпријатие Железница и ќе се собира документација поврзана со самата зграда, поточно документација за тоа кој носел одлуки“, рече тој.
Како што забележува, тоа „беше најважно вчера, се спасуваа животи“. Според министерот, „прогнозите биле песимистички од самиот почеток, со оглед на тежината на градбата и сериозноста на настанот“.
„Во најголем дел, спасувачите можеа да констатираат само смрт, само три лица беа повредени, додека сите други загинале на лице место. На еден млад човек му беше ампутирана ногата, докторот ни рече дека такви повреди немал видено од војната , а се проценува дека тие бетонски блокови биле тешки околу сто тони. Повредите биле такви што смртта кај најмногу настапила на лице место“, рече тој.
Прво, додава тој, била прегледана снимката.
„Се проценува дека 17 лица биле под таа настрешница, според снимката од камерата што била таму. Преживеале три лица. За едно лице сè уште немаме идентификација. Почина и еден државјанин на Македонија; го известив мојот колега министер синоќа“, изјави тој.
Зборувајќи за причината за несреќата, тој рече дека „може да се претпостави дека можеби имало корозија на челичните кабли кои ја држеле настрешницата до покривот“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата