logo
logo
logo

СТОП ЗА ТРОТИНЕТИ за ПОМЛАДИ ОД 18, нов законски пакет во Грција

Vecer | 08.05.2026

СТОП ЗА ТРОТИНЕТИ за ПОМЛАДИ ОД 18, нов законски пакет во Грција

Грција подготвува нов законски пакет со кој драстично ќе се регулира сообраќајот на електричните тротинети, а најзначајната промена е целосната забрана за нивно користење од страна на лица помлади од 18 години, пренесува „Прототема“.

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, најави дека овие возила веќе нема да бидат достапни за малолетници, со цел да се подигне нивото на безбедност на патиштата и тротоарите.

Покрај старосната граница, новиот закон предвидува и задолжително осигурување од граѓанска одговорност за сите корисници, вклучително и за оние кои изнајмуваат тротинети преку апликации. Оваа мерка е воведена за да се осигура надомест на штета во случај на сообраќајни несреќи или повреди на пешаци. Дополнително, Владата планира да го ограничи хаотичното паркирање на тротоарите и да го намали бројот на дозволи за компаниите што изнајмуваат тротинети, истовремено воведувајќи високи казни за увоз на возила кои ја надминуваат дозволената брзина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk