logo
logo
logo

Бугарија е ПРОТИВ ВЛЕЗ НА УКРАИНА ВО НАТО

Vecer | 03.10.2022

Бугарија е ПРОТИВ ВЛЕЗ НА УКРАИНА ВО НАТО

Украина официјално побара влез во НАТО и тоа по брза постапка, со што НАТО директно би се вовлекол во воениот судир помеѓу Русија и Украина, за што Германија веднаш излезе со став дека е против тој предлог, а сега се спротистави и Бугарија.

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови колеги од Централна и Источна Европа за поддршка на интегритетот на Украина и нејзиниот прием во НАТО.

Документот со кој се осудува припојувањето на нови украински територии кон Русија го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.

Шефот на државата Румен Радев не се согласува со целосниот текст на декларацијата усвоена од некои источноевропски земји за членството на Украина во НАТО. Тој ги поддржува другите позиции содржани во документот“, се вели во соопштението од Бугарија, информира БТА.

Во него се наведува дека Бугарија е дел од декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за идниот пристап на Украина, но оваа декларација е усвоена во сосема поинаква безбедносна средина.

– Воените акции на територијата на Украина денеска бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната, се додава во соопштението.

Според него, одлуката за приклучување на Украина во НАТО треба да биде донесена „само откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои ќе бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани земји“.

Сепак, во декларацијата, потпишана од други шефови на држави на иницијатива на романскиот претседател Клаус Јоханис, се вели:

– Ние не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме обидите на Русија за анексија на украински територии. Силно ја поддржуваме одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година во врска со идниот пристап на Украина. Сите оние кои ќе извршат злосторства за агресија мора да одговараат и да бидат изведени пред правда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk